Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил ја објави веста дека 1 милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа.
„Милион причини не водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успшениот попис е гаранција за сигурна македонска иднина. Честитики до сите попишувачи и до целиот итм на Државниот Завод за статистика.“
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија продолжува да тече успешно и без посериозни проблеми. Државниот Завод за статистика информира дека попишувачите на терен не забележуваат посериозни проблеми и пречки и дека граѓаните со задоволство прифаќаат да се попишуваат.