Соопштение за јавност
Оваа екипа знаеше да донесе резултати и кога никој не веруваше. Важни се овие избори, за да направиме разлика и во општина Петровец. СДСМ и коалицијата имаме луѓе кои си ја знаат и си ја сакаат општината, а кандидатката за градоначалничка Елизабета Зелениковска и кандидатите за советници ги имаат и енергијата и младоста и знаењето за да ги менува работите на подобро. Имаме победнички тим, затоа што Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ја имаат најдобрата програмска и кадровска понуда, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
Во оваа општина треба да се градат мостови, пријателства, да се негува мултиетничноста, Социјалдемократскиот сојуз трпеливо и посветено го гради концептот Едно општество за сите, наспроти режимот кој единствено се грижеше за фамилијата.
-Владата во изминатиот период целосно застана зад граѓаните. Во континуитет се обезбедуваат пакети за финансиска поддршка на бизнисите, за зачувување на работните места.Се грижиме за сите, работиме одговорно. Како што ветивме, парите ги враќаме кај граѓаните преку МОЈ ДДВ, преку изградба на подобри патишта и улици, изградба на модерни училишта, на детски градинки. Изградивме 60 нови детски градинки, во многу општини прв пат после 40 години. Се градат нови и се реновираат училишта. Градиме инфраструктура, но во исто време ја зголемивме минималната плата од 9 на 15 илјади денари, или за над 60%, ги зголемивме платите во здравството, во образованието, во детските градинки, во армијата, на рударите, зголемени се пензиите на 320 илјади пензионери, воведовме социјална пензија за пензионерите што немаа никакви приходи.
– Направете разлика, гласајте за одговорно и отчетно работење и грижа за секој поединец, за едно општество за сите, за побрз развој на општините. Гласајте за најдобрата понуда, за најдоброто во вашата општина. Гласајте за кандидатката за градоначалничка Елизабета Зелениковска и за листата на советници на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата.