fbpx

Законот за заштита од дискриминација е клучен за човековите права, неговото гласање ќе биде прва задача на новото мнозинство од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

СДСМ изразува сериозна загриженост за укинувањето на Законот заспречување и заштита од дискриминација, кој е неопходен за заштитата на човековите права во Северна Македонија.

Законот беше подготвен во соработка со невладиниот сектор и беше ветер во грб за забрзување на евроинтеграцискиот процес на нашата држава. Со него, се овозможи професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, со проширени надлежности во делот на превенцијата, ослободена од политички и партиски влијанија, а за прв пат како основи за дискриминација се воведoа родовиот идентитет и сексуалната ориентација.

Затоа, веднаш после изборите, прва задача на новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, ќе биде затворање на ова прашање, преку носење на нов Закон кој ќе штити од секаков облик на дискриминација, низ процедура која ќе биде целосно уставна и неоспорлива.  

Последни вести