Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, со ефикасни мерки ја продолжува вистинската и навремена грижа за граѓаните и развојот на локалната економија.
За нас, како социјалдемократска партија, локалната економија е двигател на животот, особено кога е насочена во ист правец како и државната.
Нашите кандидати за градоначалници кои го носат најдоброто, чесно и домаќински ќе располагаат со средствата на општините, парите мора да се трошат за граѓаните, транспарентно и отчетно.
Со одговорните економски политики на СДСМ, јавно приватните партнерства, инвеститорите ги носиме во секој град, партнерски инвестираме, бидејќи новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали.
Благодарение на Владата предводена од СДСМ имаме раздолжени општини, општините кои тонеа во долгови добија 50 милиони евра, што им овозможија да се посветат на проекти и планови за развој на локалната самоуправа. Сега е полесно, економијата е развојна, силна и носи шанса за сите.
И не застануваме тука. СДСМ креира и реализира успешни политики и во делот на зелената економија преку енергетско економските капацитети, како и во делот на малите бизниси.
Од отпад правиме струја, ги користиме сонцето и ветерот за развој на локална зелена економија со што го решаваме деценискиот проблем со депонии во нашата земја и обезбедуваме почиста и поздрава животна средина.
Малите бизниси се еден од столбовите на кои се потпира општината. Затоа, воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси – преку состаноци, анкети, фокус групи, конференции и електронска комуникација, постојано ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа – нашата локална економска приказна.
На 17 октомври граѓаните одлучуваат дали ќе го изберат најдоброто кое носи силна економија во секоја општина или ќе изберат живот во заробени и задолжени општини која наместо раст покажува застој.