fbpx

Заев: Кавадарци е сведок дека државата рамномерно инвестира во својот народ, без разлика кој е градоначалник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сериозно инвестиравме и во патната и комунална инфраструктура, за да го унапредиме квалитетот на живот во секое населено место, истакна денеска во Кавадарци претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Кавадарци.

Тој нагласи дека во овој регион е реконструиран регионалниот пат Кавадарци – Росоман и транзитот низ Кавадарци, гасоводот Неготино – Кавадарци – Битола е над 92 отсто завршен, поставени се водоводи и канализации, реконструирани се бројни улици преку пари од централниот Буџет.

Владата, а не Јанчев го направи мостот во Ваташа, туристичкиот проект и патеката, рехабилитацијата Кавадарци – Марина – Неготино, истакна Заев, додавајќи дека така се работи државнички, чесно и одговорно.

– Кавадарци е сведок дека државата рамномерно инвестираше во својот народ без разлика кој ја води општината, државата е тука да им помага на општините, да им помага на граѓаните, тоа го правиме постојано и ќе продолжиме да го правиме и во следниот период. Со Тодоров и советниците заедно ќе донесеме гасификација на Кавадарци и регионален откупен центар, а на младите ќе им помогнеме да отворат свој бизнис, преку старт ап центрите. Така се сака Кавадарци, така се работи за Кавадарци, заклучи Заев.

Последни вести