Соопштение за јавност
Кавадарци и Повардарието се нашиот бренд кога станува збор за грозјето и виното, во овие четири години како никогаш досега им се помагало на лозарите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва од Кавадарци.
Тој наведе дека само оваа година над 8 милиони евра субвенции се исплатени на лозарите, навреме, за навремено да започнат со производство.
„Покрај редовните субвенции, издвоивме и дополнителни вкупно 12 милиони евра за санирање на штетите и последиците од ковид пандемијата, за производството, откупот на грозје и винската индустрија, дадовме поддршка за извозот, само лани исплативме преку 20 милиони евра за поддршка на лозарството“, нагласи Заев.
Тој истакна дека државата застана зад лозарите и им исплати 1,2 милиони евра за долговите на винарниците Стефани и Повардарие.
„Станува се поизвесна можноста Повардарие да го заврши стечајот и да стане сопственост на државата, на граѓаните, на лозарите, тоа е сериозен капацитет кој ќе го имаат лозарите во своја сопственост, во државна сопственост, да им се најде во управување со винското грозје, а таму е и најголемата дестилерија која ќе ја ставиме во функција за повисок пласман и повисоки цени на винското грозје, најави Заев.
Тој истакна дека граѓаните, лозарите многу добро знаат кој им должеше субвенции, колку пари имаа за земање од Стефани и од Повардарие, кое белосветски бандити го приватизираа и го втурнаа во стечај, за сега СДСМ да го врати, не на некој друг, туку на лозарите, на државата.
Допрва доаѓа времето на нашето грозје и нашето вино – тие се Најдоброто, заслужуваат да се најдат на најдобрите европски и светски пазари, а тоа го можат само луѓе кои направиле пат, доброто и подоброто да станат Најдоброто, порача вечерва од Кавадарци, претседателот на СДСМ Зоран Заев.