fbpx

Заев од Прилеп: Во недела граѓаните повторно ќе го поразат Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема да дозволиме повторно да се вратиме во минатото, нема да дозволиме повторно да се врати режимот, ниту овде со хилти никој повеќе да влегува, ниту веќе никогаш повеќе пиштење и вриштење по Прилеп, порача денеска од Прилеп претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо, освен лажни вести деструкции и блокади.

Знаат сите дека таму нема никаква промена, никаква понуда и затоа во недела повторно граѓаните ќе го поразат Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ, истакна Заев.

Тој нагласи дека Прилеп беше на вистинската страна пред 80 години, беше на вистинската страна пред 4 години и денес повторно Прилеп ќе биде на вистинската страна.

Затоа Прилепчани, на 17 октормви ќе се прилепат на најдоброто, на победата, на авангардноста, на одењето напред, со поддршка за Горан Сугарески, за иднината, за најдоброто, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Последни вести