fbpx

Заев од Крива Паланка: Мицкоски, нормално е да се инвестира во секој регион, да се зголемуваат платите, додека тоа не го научите, ќе си седите во опозиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека ние носиме историски инвестиции, додека позитивно ја трансформираме секоја општина, додека обезбедувам повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прашуваат дали е ова нормално, посочи претседателот Зоран Заев вечерва од Крива Паланка.

Заев додаде дека успесите што се постигнати во овие четири години се веќе нормално, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во опозиција се додека не научат како се работи за државата и граѓаните.

И 300% зголемена социјална помош е нормално, и покачени плати за 6.300 во просек во државата е нормално. И покачени плати за 35% на здравствениот персонал е нормално. Нормално е и наше секојдневие се покачените плати и на учителите и наставниците.

Нормално е да поделите 10 милиони евра ваучери на спортските клубови. Нормално е да реализирате и поддржите општините со преку 550 милиони евра проекти, затоа што е нормално да инвестирате во својот народ, да инвестирате во инфраструктурата. Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со својата политичка кариера. Нормално е и да инвестираш во сите региони рамномерно, наместо Истокот да го игнорираш цели 11 години. Нормално е! И ако не знаете како се прави, останете таму во опозиција и учете лекции“ истакна Заев и им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори и алиби за поразот на 17 октомври кој е очекуван.

Последни вести