fbpx

Чулев се става над истрагата, МВР нема утврдено кога е направена снимката со Мицкоски во фитнес центарот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Министерот Наќе Чулев се постави над законот, над истрагата, за да го заштити партискиот шеф Христијан Мицкоски за кого се појави видео во јавноста како посетува теретана во период кога постои забрана за работа на фитнес центрите.
 
Уште незавршена, Чулев ја затвори истрагата за случајот и тоа го објави во јавноста, иако датумот кога е направена видео снимката се уште не е утврден од страна на полицијата, а тоа во случајов се наметнува како клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски работник, посетувал теретана во време кога на сила се забраните против коронавирусот. Овој факт е важен за јавноста да биде правилно и точно информирана за настанот.

Ја потсетуваме јавноста дека претходно, исто во период на забрана за работа на теретаните, на медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму.
 
Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на Тигрите Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски.
 
Неприфатливо е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото и кои се поттикнати од лични и партиски интереси. 
 
Ние нема да замижиме пред фактот дека истрагата за потенцијалното несовесно однесување на лица од ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија и натаму не е завршена, се додека не се утврди вистината.
 
Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го претвори МВР во партиска испостава, во МВРО-ВМРО. Конечно треба да им стане јасно и на Мицкоски и на Чулев дека секој во државата денес одговара за неодговорно и незаконско постапување и дека во Северна Македонија владее правна држава.
 
Ваквиот обид да се прикријат факти за настанот во теретаната нема да успее. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината за случајот. 
Последни вести