Соопштение за јавност
Во насока на полесно и ефикасно справување со корона кризата Владата на Северна Македонија досега донесе пакет економски мерки за помош на компаниите, работодавачите, граѓаните.
Пакетот на економски мерки им овозможува на работниците, занаетчиите, на малите и средните претпријатија и сите погодени од кризата предизвикана од корона вирусот да го пребродат најтешкиот период, периодот на загуби.
Паричен надоместок од 14.500 денари по вработен за месеците април, мај и јуни во фирмите погодени од кризата, помош за спортисти и за уметници од 14.500 денари и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата се дел од досегашните мерки со кои државата директно им помага на погодените компании и граѓани.
Како дел од мерките за кои имаа можниост да аплицираат компаниите погодени од кризата се и бескаматните кредити од Развојната банка во вредност од 5.7 милиони евра со рок на враќање 24 месеци и грејс период од 6 месеци. При тоа најниската сума за аплицирање беше 3000 евра, а највисоката 30.000 евра во зависност од бројот на вработени. Досега од оваа кредитна линија се одобрени барањата на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра и во кои работат 2.853 вработени.
Како нов пакет помош овојпат за сите компании на кои им е потребна е втората линија на бескаматни кредити наречен Ковид 2 со вкупна вредност од 8 милиони евра, а компаниите ќе можат да аплицираат веќе од среда 29 април.
Максималниот износ на кредитот во оваа линија изнесува 90 илјади евра и е за три пати повисок во однос на првата кредитна линија, додека минималниот износ на кредитот останува, односно е 3 илјади евра . Рокот на отплата е до 3 години со една година грејс период.
Тоа значи вкупно 13.7 милиони евра достапни за компаниите на кои им е потребна помош во пребродувањето на тешкиот период.
Покрај овие, останати мерки кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите се е определени даночни олеснувања односно ослободување од аконтации на данок на добивка и данок на личен доход.
Сите напори продолжуваат да бидат насочени кон спасување на секое работно место и опстанување на секоја компанија. Затоа што секој е важен.