fbpx

Мургашанска од Куманово: Наша водилка била, е и ќе биде, потребата на граѓаните, ние го носиме Најдоброто за Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кумановци се непоколебливи, единствени во недела повторно да испишат уште една голема победа за СДСМ и Коалицијата, порача носителката на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Куманово Атина Мургашанска вечерва на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“

Таа истакна дека советничката листа е составена од 33 шампиони, кои се водат од идејата што можат да направат за својата општина.

Оние што глумат кандидатите како Тони Шанац, кој смета дека му е животна улога да глуми кандидат за градоначалник не се тука и нема што да бараат тука, имаа 12 години не направија ништо освен едно таканаречено игралиште, рече Мургашанска, додавајќи дека оние на кои фотелјата име поважна од општото добро ни името не им го споменуваме.

Наша водилка била е и ќе биде, она што граѓаните го бараат од нас, како да го изградиме Куманово, каде да насадиме повеќе дрвја, кои улици да ги подобриме, како да го унапредиме животот на граѓаните затоа во недела ќе го направите најдобриот избор, ќе го заокружиме бројот 12, за советничката листа, за градоначалникот Оливер Илиевски, повика носителката на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Куманово Атина Мургашанска.

Последни вести