Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вечерва во Куманово порача дека Најдоброто за општина Куманово го носи советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Атина Миргашанска и најдобриот кандидат за градоначалник, кандидатот на СДСМ и Коалицијата Оливер Илиевски.
Спасовски нагласи дека Оливер Илиевски знае што е вистинска грижа за граѓаните. Неговата визија е Куманово – безбедно и просперитетно место; зелен град со високи еколошки стандарди; град со решен сообраќаен хаос и енергетски ефикасен; функционална општина по сите европски и светски стандарди на она што значи сервис за граѓаните и за тоа ја има целосната поддршката на централната власт.
Оливер Илиевски има долгодишното искуство во менаџирањето во приватниот и јавниот сектор, а токму вам ви е потребен менаџер кој ќе се грижи општината да функционира беспрекорно, а на граѓаните им е потребен достапен градоначалник, кој ќе им стои на располагање, не им се потребни политичари, кои калкулираат, порача Спасовски.
Затоа на 17-ти oктомври Кумановци ќе имате лесна задача, нема да дозволите општината да ја преземат луѓе што блокираат, луѓе што мислат само на својот личен, на својот партиски интерес. Вие знаете да направите разлика, да го поддржите концептот на СДСМ, кој обезбедува напредок, развој, светла иднина и седми пат по ред да го казните деструктивното ВМРО-ДПМНЕ, затоа во недела масовно ќе гласаме за бројот 12, повика потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски од Куманово.