fbpx

Парите од акцизата одат директно во Буџетот за помош на стопанството, лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводни ценовни шокови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш покажува дека не и важно справувањето со здравствените и економски последици од коронавирусот, туку само се обидува да заработи некој политички поен плус на маката на граѓаните.

 

Ако претходно од белиот дворец лажеа дека имало само 100 тестови за коронавирус, ако лажеа дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, денеска лажат за наводни ценовни шокови и инфлации и очајно се обидуваат да внесат вознемиреност во јавноста. 

 
Во случај кога за само неколку малопродажната цена на горивата е намалена за 20 денари, а согласно светските случувања се уште се намалува, дополнителната акциза нема да значи дополнителен финансиски товар за граѓаните и стопанството.
 
Зголемувањето на акцизата на горивата е времено и ќе го следи намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, односно ако цената на нафтата се зголемува, тогаш дополнителната акциза ќе се намалува.
 
Граѓаните да останат смирени, нема да има никакви ценовни шокови и инфлации како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ.
 
Она што е важно е фактот дека трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати, одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните мерки за поддршка на граѓаните и за поддршка на нашиот здравствен систем.
 
Кризата со коронавирусот остава сериозни економски последици на глобално ниво, а не е поштедена ниту нашата земја и за нејзино надминување потребни се сериозни финансиски средства и солидарност од сите. Но солидарноста одамна е непознат поим за ВМРО-ДПМНЕ која продолжува со деструктивно и неодговорно однесување и во време на здравствена и економска криза.

 

 
 
 
 
Последни вести