fbpx

Транспортот е меѓу првите гранки кој е опфатен од мерките на Владата, лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и во време на здравствена криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- реакција на прес-конференција на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да изнесува лаги и невистини пред јавноста во време кога сите се соочуваме со најголемата здравствена и економска криза воопшто.
 
Ако во белиот дворец не знаат, токму гранките транспорт  ,угостителство и туризам како најпогодени, први се опфатени во мерките кои ги донесе Владата и веќе се реализираат.
 
Од 254 компании на кои им се одобрени бескаматни кредити во првите две групи, 118 се токму од дејноста на транспортот.
 
За овие 118 компании се одобрени бескаматни кредити во износ од над  1 милион евра, а бројот на вработени во тие компании е над 1260 лица.
 
Во меѓувреме, аплицирањето за помош продолжува и очекувањата се дека ќе има уште компании – корисници кои ќе ја искористат можноста која ја нуди оваа мерка.
 
Покрај помошта на компаниите преку Развојната  банка, има и многу други мерки кои во зависност од тоа која категорија се и нивните претрпени штети исполнуваат услови за други начини на помош.
 
Никој не е изоставен и заборавен од Владата во оваа криза. Во носењето на мерките за справување со коронавирусот и кризата која ја предизвика особено внимание се посветува пред се на најзагрозените, но и на сите други кои имаат последици и штети.
 
ВМРО-ДПМНЕ само продолжува да докажува дека и во време на криза наместо да биде на страната на граѓаните, само предизвикува штетни последици по нив, обидувајќи се да собере ситни политички поени во време кога сите се борат против последиците од кризата со коронавирусот.
Последни вести