fbpx

И ММФ добро ги оцени економските мерки со кои се зачуваат 250.000 работни места и има се помага на 35.000 компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ за побрзо и полесно надминување на економските последици од коронавирусот,  се добро оценети и од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
Големиот пакет економски мерки на државата, кој обезбедува конкретна и навремена помош за над 35.000 компании и спасува 250.000 работни места веќе се реализира.
 
Поддршката што има за цел поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот, од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.
 
Сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за април и мај.
 
Преку развојната банка веќе се реализираат бескаматните кредити наменети за фирмите погодени од кризата. Досега, се одобрени кредити со 0 отсто камата за 136 компании со над 1.700 вработени.
 
Поради големата заинтересираност, покрај првичните 5,7 милиони евра, Развојната банка стави на располагање дополнителни 8 милиони евра за бескаматни кредити за компаниите.
 
Продолжуваме со реализација на економски мерки и политики за зачувување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од коронавирусот.
 
За нас е важно секое работно место, секој работник и секоја компанија.
Последни вести