fbpx

Излезе на виделина лагата на Мицкоски, нема ново парламентарно мнозинство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство.

Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема.

Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори. Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го загрозуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да ја вратат државата назад во темното минато на режимот.

Последни вести