fbpx

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ не нуди гаранција дека ќе им ги врати парите на граѓаните од вториот пензиски фонд што сега сака да им ги земе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во врска со предлогот на опозицијата за пренасочување на средствата од приватните пензиски фондови во државниот пензиски фонд, претседателот на комисијата за финансии на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во емисијата „Детектор“, на Сител, истакна дека инвестирањето на 515.000 граѓани во вториот пензиски столб е стекнато право, кое не може да се одземе.

ВМРО-ДПМНЕ дава предлог да се одземат 8-10 милијарди денари од граѓаните, без да се прашаат, но и во таков хипотетички случај некој ќе треба да ги компензира тие средства во иднина, нагласи Битиќи и запраша дали ВМРО-ДПМНЕ може да потпише дека ќе им ги врати парите на граѓаните од вториот пензиски фонд.

Битиќи додаде дека спроведување на реформи во пензискиот систем во време на криза е многу проблематично.

Последни вести