fbpx

Владата, институциите, прават се за справување со енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиканство на штета на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од СДСМ прави се за да ги заштити домаќинствата и малите потрошувачи од високите цени на електричната енергија на берзите.

За таа цел, Владата го задолжи АД ЕСМ за наредната година да ја обезбеди 100% од потребната количина, иако обврската по закон е 60% за 2022 година.

Истовремено, АД ЕСМ ги ангажира сите свои капацитети и дополнително АД ТЕЦ Неготино и ќе обезбеди редовно снабдување на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Дополнително планирано е производство на количини електрична енергија кои ќе му се понудат за купување на стопанството, со цел фирмите да набават барем дел од струјата која ја користат во производството по пониски цени, во споредба со исклучително високите во моментот на берзите.

Што значи електрична енергија ќе биде обезбедена и за 2022 година.

ВМРО-ДПМНЕ и во време на светска енергетска криза шири неосновани обвинувања со цел да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

АД ЕСМ ќе даде понуда за електрична енергија за 2022 година на новиот тендер на ЕВН Хоум, кој ќе се однесува на првата половина од годината, како што се потпишуваа и сите други договори наназад, односно полугодишно.

Како што знае и јавноста, понуда досега не беше доставена бидејќи ЕВН имаше распишано повик за цела година.

Додека сите институции се посветени на надминување на предизвиците во енергетиката, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиканство и ситно партиско профитерство на штета на граѓаните.

Последни вести