Соопштение за јавност
На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18.00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи.
Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.
СДСМ избира претседател на очиглед на целата македонска јавност.
По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Со спроведување на внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ поставува највисоки стандарди во македонската демократија.