Соопштение за јавност
Градоначалничката Данела Арсовска од само за неа познати причини, на штета на скопјани, решава да ја запре изградбата на мостот генерал Михајло Апостолски, капитален проект кој го намалува сообрќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба.
Мостот е особено значаен за граѓаните на Аеродром и Гази Баба, со олеснување на движењето се намалува сообраќајот, а тоа директно влијае и на намалување на загадувањето.
Данела Арсовска од самиот почеток на нејзиниот мандат покажува несериозно, неодговорно и нечесно однесување кон граѓаните на Скопје.
Нема оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а тие покажаа дека освен што поништуваат и стопираат капитални и важни проекти немаат намера да сработат ништо.
Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи, разрешуваат директори и стопираат проекти.
Скопјани не заслужуваат градоначалничка која не работи за Скопје, градоначалничка која наместо да вложува во развој, прави се за да го спречи напредокот.