Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ со години од позиција на власт корумпираше медиуми, а оние кои не можеше да ги поткупи ги затвораше и им вршеше невидени притисоци.
Односот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски кон медиумите и денес е ист.
Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тешко му оди бидејќи времето на Груевски и времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт.
СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволи да се загрози слободата на новинарите.
Истиот Наум Стоилковски кој денеска шири лажни вести за Владата и поранешната 1 ТВ лично гостуваше во истата телевизија, исто како и неговиот шеф Мицкоски, исто како и Игор Јанушев и многу други од раководството на белата палата.
Ете го лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13.
Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи.