fbpx

Стратешката цел е остварена, испишавме историја, Република Северна Македонија е 30 членка на НАТО!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во време кога се бориме со заканата од корона вирусот, добри вести пристигнаа за нашата држава и нејзината сигурна иднина.

Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со тоа остварена е и последната ратификација на Протоколот. Северна Македонија и официјално станува членка на најголемиот воено безбедносен сојуз, реализирана е тридецениската заложба на генерации наши граѓани.

Политиките на Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ во изминатите две и пол години допринесоа за остварување на стратешката цел-членството во НАТО.

За само две и пол години остварена е една од двете највисоки цели во надворешната политика. Стратешката цел е остварена, испишавме историја!

Членството во НАТО значи трајна сигурност на границите, безбедност и стабилност на државата, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.

Членството во НАТО е мотив плус, да продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – членството во ЕУ.

Им благодариме на сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот и благодариме и на Шпанија за ратификацијата во невообичаени околности додека и таа како држава но и цела Европа се справуваат со коронавирусот.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ и над сè, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!

Последни вести