Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ
П: Господнине Заев истата идеја пред неполни 20 минути, да кажеме 25 минути ја промовираше и господинот Мицкоски, дали имавте некој контакт со него да кажеме па заеднички да излезете во толку кратко време , или ова е индивидуална поединечна идеја на двете најголеми партии и има ли идеја кога би биле закажани предвремените избори?
О: Ова е поединечен акт нормално, со тоа што прес-конференциите се најавуваат, а прес-конференцијата на претседателот на СДСМ беше најавена пред еден саат и веројатно од такви причини е Фејсбук статусот на господинот Мицкоски, но добро е еве имаме заеднички ставови.
Секако правевме сериозни анализи за време на викендот затоа што кога носите вакви одлуки или вакви препораки, верувам дека ваквата одлука треба заедно сите да ја донесеме и денеска ние тоа како најголема владејачка партија го препорачуваме.
Кога носите вакви одлуки мора да одмерите, дај Боже порано да заврши кризната состојба, какви би биле последиците од пролонгирањето на изборите врз економијата. Дефинитивно тоа што се случува кај нас добро е што е под контрола, добро е што е навистина професионално експертски поставено и Министерството за здравство и целата Влада, но и сите други јавни институции, па дури и граѓаните. Едно знаеме дека ризикот за одржувањето на изборите на 12 април во најмала рака уште сега ја прави понепријатна состојбата со помислата дека треба да се оди на гласачките места, дека таму граѓаните би можело да бидат изложени на можен ризик, знаејќи како следат мерките. Затоа донесовме синоќа одлука, веројатно транспарентно е се, нема повеќе тајни па дури еве и опозицијата веројатно дознала за нашата намера. Впрочем тоа е добро еве не приближува до ставовите и верувам дека заеднички ќе изградиме став, прво за одлука за одложување на изборите, а после тоа и заедно да го дефинираме денот на одржувањето на изборите.
Постојат многу влезни аргументи за тоа кога би требало да бидат одржани изборите, пред сé најважно е здравствената состојба и јавното здравје во државата.
Министерот за здравје редовно информира и ги споделува своите информации. Ги следиме трендовите од Кина до Западна Европа, Италија итн.
За деталите за точен датум јас би оставил да разговараме сите лидери одмерено. Здравјето пред сé и над сé. Кога ќе биде стабилизирана состојбата, кога тоа ќе биде овозможено, пред сé здравјето на граѓаните да биде обезбедено трајно, тогаш би можело да се одржат и изборите. Денес има Совет за безбедност таму Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров ќе бидат присутни, по функција тие се членови на Советот за безбедност, ќе биде и министерот за внатрешни работи, Чулев кој што веројатно ќе ги пренесе информациите до ВМРО-ДПМНЕ, но веројатно ќе биде и претседателот на Собранието заради ДУИ а и другите членови на Советот за безбедност.
Верувам дека постојат начини како да се искоординираме и заедно да ги донесеме одлуките околу одложувањето и околу фиксирањето на новиот датум за одржување на вонредните парламентарни избори.