Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ, надлежните институции преземаат мерки за справување со последиците од енергетската криза.
За да се заштити стандардот на граѓаните од зголемувањето на цената на електричната енергија во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите категории граѓани.
60 милиони денари се предвидени за финансиска помош на околу 7.500 семејства кои во текот на целата година ќе добиваат помеѓу 600 и 800 денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Покрај оваа мерка, ќе следуваат и други мерки за помош на граѓаните и стопанството.
Токму за таа цел во Буџетот за оваа година предвидени се 130 милиони евра за справување со енергетската криза, а од нив околу 90 милиони евра се за директни антикризни мерки кои ќе се реализираат во текот на годината.
Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што со себе ги носи енергетската, но и здравствената криза.
Во 2021 година зад себе имаме добри економски показатели.
Приходите беа зголемени, имаа раст на ниво на реализација од 15,3%, што значи повеќе пари за граѓаните.
Растот на економијата во 2021 година е над 4%, што значи економските мерки што ги реализираше Владата предводена од СДСМ дале резултат.
Оваа година ќе биде година на економски раст. Растот на економијата е проектиран на 4,6 отсто, додека растот на капиталните инвестиции ќе биде повисок за 27 отсто во однос на претходната година.
Тоа значи побрз економски раст, повеќе пари кај граѓаните и заштита на животниот стандард.
Паралелно продолжуваат инвестициите во енергетиката, во обновливи извори на енергија што на среден рок ќе значи драстично намалување на увозот на скапа електрична енергија.
Почитувани,
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува со носење и реализација на мерки и политики кои ги ублажуваат последиците од кризата, го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.