Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје
Почитувани,
Со денови градоначалничката Данела Арсовска молчи и не дава одговори на јавно поставени прашања.
Кој му платил на Петар Георгиевски Камиказа за озвучувањето на дочекот на Нова година на плоштадот?
По која основа, по кој договор на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра?
Кои се компаниите донатори за прославата кои понатаму исплаќале фирми и лица ангажирани за прославата?
Како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година на градскиот плоштад во име на град Скопје и врз која основа?
Ако за ова не е потрошен ниту денар од градскиот Буџет како што велат од Град Скопје, тогаш дали станува збор за донација?
Секоја донација треба да мина преку Советот на Град Скопје а секое спонзорство треба да биде поткрепено со Договор.
Во овој случај го нема ниту едното ниту другото, има само молк од страна на Данела Арсовска.
Арсовска со денови ја избегнува јавноста, се крие зад празни соопштенија и не дава одговор на прашања поставени од јавноста, од медиумите.
Ова е пример за нечесно, неодговорно и срамно однесување на Арсовска кон сопствените сограѓани, кон сопствениот град.
Наместо да се крие од јавноста како нејзините ментори во ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања.