fbpx

Николовски за Топ Тема: Здравјето на граѓаните е пред се, ние ја прилагодуваме кампањата согласно препораките на институциите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како најголема политичка структура ние сме осум месеци во системска комуникација со граѓаните, остваруваме илјадници средби на терен, активностите се перманентни, воведовме нови стандарди во политичкото делување. Ние сме целосно подготвени, за нас во моментов не се отвора прашањето за одлагање на изборите, освен за адаптирање на политичката кампања со сите модели и алатки кои ги имаме ние, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ во вечерашната дебата на Топ Тема.

Тој нагласи дека СДСМ целосно ги почитува препораките на надлежните институции во врска со корона вирусот и така и ќе продолжи, повторувајќи дека како партија веднаш ги откажа сите масовни теренски активности на Зоран Заев и на партиското раководство.  

„Ние постапуваме  согласно препораките.  Никој од нас овде  не е епидемиолог, не сме стручни ние да навлегуваме во детали, ние сме политичари. Премногу е сериозна работата, здравјето на граѓаните е најважно. Граѓаните имаат висока доверба во институциите, во министерот Филипче и сметам дека сме земја која претпазливо, сериозно, транспарентно информира и реагира. Ние сме должни да се прилагодиме на она што го посочуваат стручните експерти. Не може партискиот или индивидуалниот интерес да биде над интересот на граѓаните и на јавното здравје“, заклучи Николов.

Тој додаде дека сите партии имаат обврска наместо да шират лажни вести како тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка на институциите кои сериозно се справуваат со целата ситуација.

Последни вести