fbpx

Арсовска нема ниту една мерка за борба против загаден воздух а крати средства за животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, нема ниту мерка, ниту еден проект за почист воздух во Скопје.

Дополнително Арсовска ги намали парите за ново зеленило, за паркови и дрвореди. За 33 проценти помалку зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година.

Нема пари ниту за нови паркови, иако ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир.

Во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници.

Арсовска покажува голема неспособност. Тоа не е менаџирење туку незнаење. Затоа треба да ги продолжи сите мерки и проекти кои што во изминатите 4 години дадоа резултати.

Вака Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина.

Последни вести