Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти.
Ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза, во Италија на пример цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти.
Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја кај нас значително придонесе да имаме вака минимално поскапување.
Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност.
За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства.
Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што ги носи енергетската и здравствената криза.
Бројките кажуваат дека во 2021 година има добри економски показатели.
Растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат.
Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од кризата, а воедно и го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.
Ви благодарам