Соопштение за јавност
Членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски учесвуваше на граѓанска трибина со земјоделците од Радовиш.
На трибината Димковски потенцираше дека вистинските земјоделци ги препознаваат реформите на СДСМ, затоа членството на СДСМ расте насекаде, а недоамна се поделија нови 100 членски книшки во Радовиш.
Субвенциите за земјоделците се исплаќаат неселективно и навремено, нема повеќе делење субвенциии по списоци од штабови. Од почетокот на мандатот на СДСМ до сега испалтени се 383.3 милиони евра за субвенции, тековни, но и заостанати од време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Димковски пред присутните земјоделци во Радовиш.
Димковски се осврна и на исплатата за тутун за која дополителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски шири лаги.
Заврши откупот на тутун. Спорведовме политика со која во првата година воведовме субвенции по класи. Годинава највисока откупна цена по килограм е 220 денари за разлика од 2016 година кога цената беше 182 денари. Има разлика, СДСМ вистински се грижи за вистинските земјоделци.
Пристапот на СДСМ се одликува со градење на партнерски однос со граѓаните, заеднички ја креираме политиката за развој, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои водеа политика од кабинет и бараа граѓаните да се приспособуваат на истата. Со помош на средствата од ИПАРД 2 се отвораат нови преработувачки капацитети, се зголемува извозот на финални производи и се отвораат нови работни места, затоа СДСМ вреди, затоа во СДСМ граѓаните гледаат партнер, затоа СДСМ ќе победи убедливо на 12 април, заклучи Димковски.