fbpx

Шилегов од Аеродром:Покажавме што значи да ветиш и оствариш, државата е де факто 30та членла на НАТО и ќе започне преговори за влез во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 Откако СДСМ е на власт државата и градот ги извадивме на прав пат. Дали ВМРО-ДПМНЕ има направено едно добро за овој народ, ја опустошија државата за 11 години,трошеа на лажен барок и жални врби, ние градиме улици, канализации, работиме исклучиво во интес на граѓаните, истакна членот на ИО на СДСМ и градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов, на средба со граѓаните во Општина Аеродром.

 
Шилегов се осврна и на економските реформи на СДСМ.
 

За 2.5 години откако СДСМ е на власт, просечната плата достигна 26.000 денари, невработеноста ја намаливме на рекордни 17 отсто, затоа имаме чист образ да побараме нов мандат и просечната плата да ја покачиме на 36.000 денари, а невработеноста да падне на едноцифрена бројка, на само 8 отсто, рече Шилегов.

 

Ако можевме за 2.5 години да вработиме 60.000 нови вработени за 4 години ветуваме нови 100.000 вработени, додаде Шилегов.

 

Од заробена и партизирана држава стигнавме да бидеме пример во регионот. Денес сме 30та членка на НАТО и ќе отвориме преговори со ЕУ. Тоа е доказ дека сме на прав пат, тоа е доказ дека ветуваме и остваруваме затоа на 12ти април убедливо ќе победиме, заклучи Шилегов.

 

Последни вести