fbpx

Шкријељ на ТВ 24: СДСМ спроведе мерки што значително го подобруваат животот на жените, време е за 50-50 застапеност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

„Законот за минимална плата значително ја подобрува економската состојба на жените. Со законот беа земени предвид индустриите во кои доминираат жените како работнички. Ова се родово сензитивни мерки за јакнење на економската независност на жените и тоа е клучно. Но, има една црвена линија која не може да се помине, тоа е линијата за дискриминација врз жените. Одговорно би било од сите нас во име на таа кауза за заштита на жените да внимаваме и да не го мешаме она што значи партиска агенда со тоа што значи наша борба како жени. Како на пример, не стануваше за дискриминација врз родова припадност во случајот со Рашела Мизрахи. Таа не го почитуваше законот и затоа се реагираше,  а не затоа што таа е жена.“- анализираше Санела Шкријељ, членка на комисијата за труд и социјална политика, во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Таа објасни дека СДСМ има направено цел сет законски решенија кои значително го подобруваат статусот на жените во оптшеството.

„Сметаме дека е време за 50:50, односно дека е време за силни и солидарни жени кои што ќе застанат позади овој концепт и време е за радикални промени во нашето општество. Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека може да се преземат крупни чекори кои што ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите. Би ги спомнала новиот Закон за абортус којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, би ја споменала ратификацијата на Истанбулската конвенција и сите нови сервиси кои што ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените,  новиот Закон за превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство, новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштитата што значи директно инвестирање во економијата на грижа кон жените.“- појасни Шкријељ.

Таа смета дека македонското општество и понатаму е патријархално и промените одат тешко, но процесот е започнат и мора да продолжи.

„Јас сметам дека клучот за остварување на овие промени е женската солидарност и борбата на жените. СДСМ  препозна дека клучот за развојот и прогресот е во еднаквата застапеност на жените и токму затоа она со што се донесе одлука е, не само еднаква застапеност на жените во сите управувачки структури во партијата туку и еднаква застапеност на листите за пратеници. Системот кој сега се нуди е систем што гарантира дека жените ќе бидат подеднакво застапени на пратеничките листи.“- изјави Шкријељ.

 

Последни вести