fbpx

ВМРО-ДПМНЕ измислува конструкции за ЈП Градски паркинг за да ја сокрие неспособноста на Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту една конструкција од Белиот дворец не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска и нејзиниот штетно дејствување по Градот Скопје и неговите граѓани.

Арсовска не знае да менаџира со Градот и јавните претпријатија шпод негова надлежност, затоа ВМРО-ДПМНЕ секојдневно има потреба да измислува конструкции со кои се обидува да ја покрие нејзината неспособност.

За тоа како работел ЈП Градски паркинг со претходната градска администрација говори фактот дека ова претпријатие 2021 година ја завршило со вишок средства односно профит од над 27 милиони денари.

Наместо да се зафатат со работа, Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ измислуваат конструкции, ги партизираат општините, трошат народни пари на чоколади и дејствуваат на штета на интересите на граѓаните.

Последни вести