Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби.
Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици.
Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација.
Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква.
Наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.
Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје.