Прес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
И во време на криза, Владата предводена од СДСМ преку ефикасни мерки и политики обезбедува намалување на стапката на невработеност и повисок животен стандард за граѓаните.
Оперативниот план за активни мерки и програми за вработувања како еден од најуспешните проекти, дава видливи резултати.
Со Оперативниот план за 2021 се опфатија 11.292 невработени лица. Само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, минатата година се вработиле 4.000 лица, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство, добија младински додаток на платите.
Четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади“ каде во фокусот се невработени млади лица на возраст до 29 години. Во 2021 со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени од кои дури 75 отсто биле жени.
Дополнително, преку мерките за помош во време на криза спасени се околу 60.000 работни места, што е потврдено и од Меѓународниот монетарен фонд.
Овие податоци се добри резултати во борбата против сиромаштијата и невработеноста, но и дополнителен мотив реализацијата на мерките да продолжи и понатаму.
За таа цел, креиран е и оперативниот план за 2022 година, за кои се обезбедени 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат отворање на нови работни места, намалување на стапката на невработеност и повисок животен стандард за сите граѓани.