Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ
Во обид да ги прикријат неспособноста и неработењето на Данела Арсовска, од ВМРО-ДПМНЕ секој ден измислуваат наводни афери.
Не може да се сокрие фактот дека Данела Арсовска е најслабата градоначлничка досега.
За првите денови нема ниту еден реализан проект. Единствено што правеше е нивелирање шахта и поништување проекти од интерес на скопјани.
Во време на криза Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија граѓаните и ги игнорираа нивните барања.
ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да ја сокрие неспособноста и неработењето на своите градоначалници, кои многу ветуваа, а ништо не исполнија и ја изиграа довербата на граѓаните.