fbpx

Неспособноста на градоначалниците Мицкоски сака да ја покрие со барања за избори, време е за работа не за избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја покрие со постојани барања за предвремени избори.

Во период на енергетска и економска криза, во ситуација кога парламентарното мнозинство е стабилно а Владата е полн легитимитет, потребна е работа за да се надминат последиците од кризите, а не предвремени избори и ново закочување, нови блокади.

Но тоа е односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и државата. Не нудат никакви решенија, не предлагаат ништо, немаат став за ништо, но затоа постојано само бараат избори само нешто кочат и блокираат, а нивните градоначалници не работат ништо освен што ги партизираат изборите.

Затоа Мицкоски вечерва се обиде да бара оправдувања, затоа и му се брза за избори, затоа што знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни и неуспешни неговите градоначалници, но предвремени парламентарни избори нема да има. Следните избори ќе бидат во редовниот термин, во 2024 година.

Последни вести