fbpx

Мицкоски за легитимитет да не зборува, тој е само маша на лидерот од Будимпешта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски е последен што може да зборува за легитимитет, тој неговиот го црпи од Будимпешта од каде ги добива сите одобрувања и наредби за својата работа.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со лидер осуден за криминал кој живее во друга земја, а во партијата има поставено вршител на должност.

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелната Влада имаат полн капацитет, легитимитет и проширено мнозинство.

Оттаму, наместо постојано да ја оптоварува јавноста со барање избори, Мицкоски да се обиде еднаш да се издигне над партиските интереси и наредбите од Будимпешта и да застане во интерес на граѓаните. Да ги поддржи проектите и реформите во интерес на граѓаните и да покаже државност ако било кога во иднина сака да ја добие довербата од грѓаните.

Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ ги надминува сите граници, а желбата за избори на сметка на грбот на граѓаните е дегутантна.

Последни вести