fbpx

Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, зборуваат за правда а се противеа на Законот за ЈО и бранат криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конфетенцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, како и Христијан Мицкоски остануваат лицемерни и зборуваат за корупција, за укинување на Јавното обвинителство, а од друга страна има еден куп обвиненија и пресуди против функционери од оваа партија.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ, во очајните обиди да ги заштити криминалците во своите редови, жестоко се противеше на донесувањето на Законот за Јавно обвинителство, кој го ослободи правосудството и создаде услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.

Причина за тоа се бројните судски процеси како Плацевите на Водно, Талир, Титаник, Тврдина Тенк…

Опозицијата во Белата палата не може да се помири дека времето на селективност и неказнивост, кога поединци беа над законите, именуваа судии од тефтерчето и диктираа пресуди по телефон е дефинитивно е завршено.

Сериозниот напредок во борбата против криминалот и корупцијата е потврден со најновиот индекс на корупцијата на Транспаренси Интернешенал, каде државата забележа скок од 24 места.

Најдобриот резултат во последните шест години е резултат кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.

Со барањата за укинување на ЈО ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека му пречи бескомпромисна и неселективна борба на институциите предводени од СДСМ против секаков вид на корупција и криминал.

Последни вести