Соопштение за јавност
Христијан Микоцкоски крши протоколи и си поигрува со здравјето на граѓаните во време кога е зголемен бројот на активни случаи со Ковид-19, кога медицинскиот персонал не може да здивне поради состојбата со вирусот.
Неговата ВМРО-ДПМНЕ глуми лажна загриженост и наутро бара онлајн настава, а тој напладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните гоштевајќи се, збиено седнат во тесна просторија.
Тоа е лицемерието, неодговорноста и самобендисаноста на Христијан Мицкоски.
За кршење на протоколите за заштита на здравјето на луѓето треба да има одговорност и надлежните институции да реагираат по однос на ова скандалозно однесување на Мицкоски.
Мицкоски од самиот почеток на пандемијата се однесува неодговорно и срамно. Го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги крши протоколите.
Јасно е зошто Мицкоски не го осуди однесувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, неодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните.
Тоа е истата матрица и едно исто непочитување на законите, ниту на граѓаните