Прес-конференција на СДСМ, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ презема ефикасни мерки и политики кои придонесуваат за пад на невработеноста и повисок животен стандард за сите граѓани.
Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување е една од мерките кои со години даваат одлични резултати во намалување на стапката на невработеност.
По одличната реализација минатата година, за оваа година за Оперативниот план обезбеден е рекорден буџет од 1,73 милијарди денари или 28 милиони евра, што е за 230 милиони денари повеќе отколку претходната година.
Една од најатрактивните мерки од Планот, мерката за самовработување освен вработување на младите, обезбедува тие да започнат свој бизнис и да вработат дополнителен број луѓе.
Успешноста на мерките и политиките на СДСМ е потврдена и со официјални податоци.
И во време на криза, стапката на невработеност опаѓа. Во третиот квартал од 2021 година таа изнесувала рекордно ниски 15,7 отсто, со тенденција за дополнително намалување.
Наша цел како партија предводник на владината коалиција е едноцифрена стапка на невработеност до 2026 година.
За таа цел продолжуваме со реализација на мерките и проектите, но и привлекување на нови странски директни инвестиции кои освен за отворање нови работни места, придонесуваат и за забрзан економски раст.
Продолжуваме да работиме одговорно, ефикасно во интерес на нашите граѓани, во интерес на нашата домашна економија.