Соопштение за јавност
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат ниту сметките да си подмират.
Владата во делот на енергетстата криза веќе помага на граѓаните и малите потрошувачи.
Со навремени мерки Владата спречи голем ценовен шок и граѓаните се заштитени од превисоки цени за струја.
Данела Арсовска е време сериозно да ја ревидира својата улога во оваа енергетска криза и да земе нешто да работи.
Прво се прогласи ненадлежна за парно греење и скопјани го остави сами на себе. Интервенираше Владата, го презема и скопјани имаат парно.
Истата таа Данела Арсовска повторно се обраќа со нови барања за електрична енергија.
Како тоа нема пари за сметки а има за 109 партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата во Скопје?
Во услови на криза Данела мора да ги сведе непродуктивните трошоци на минимум.