fbpx

Арсовска не ја довршува изградбата на „Есенинова“ ниту пак реализира свои проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на СДСМ, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот, освен што не реализира свои проекти, не реализира ниту наследени проекти кои се во поодмината фаза.

Еден од нив е и улицата „Есенинова“ проект започнат од страна на претходната градска власт а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа сообраќајна траса е важна за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со неа се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски“ и „Трета Македонска Бригада“.

Со изградбата на оваа улица значително ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, како и намалување на времето за патување помеѓу овие општини.

Но тоа очигледно не ја интересира градоначалничката Арсовска па на оваа улица ништо не се работи.

Нејзината изградба досега требаше да биде завршена, исто како и реконструкциите на други важни улици започнати од претходниот градоначалник.

Но Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои таа се занимава единствено со нивелирање шахти и партизација на градската администрација.

Арсовска исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ работи за свои и за партиски интереси, на штета на интересите на градот и граѓаните.

Благодарам

 

Последни вести