fbpx

Шекеринска во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ е нервозна поради Законот за ЈО, затоа што со него судството се ослободува од партиските стеги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Оваа влада 2,5 год е на власт и нема да се претвори во тефтерџиската дружина на ВМРО-ДПМНЕ, кога претседателот на судот се јавуваше, не кај Груевски, туку кај секретарката на Груевски да праша кој ќе биде избран за судија, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во гостувањето на емисијата Топ темана Телма.

Тоа го менуваме со законот за Јавно обвинителство, а нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ е бидејќи почуствуваа дека со овој закон судството станува слободно без партиски стеги, нагласи Шекеринска. 

Еве како функционира се уште за жал сваровски судството, за случајот Титаник, на 2 април едно одлагање на предмет, на 12 април второ одлагање на предмет на 26 април трето одлагање се на предлог на одбраната, случајот Талир има 0 одржани  рочишта во овие две години, 100% одлагање на рочиштата по барање од страна на одбраната, нагласи Шекеринска, додавајќи дека одлагањето е резултат на барања, врски и конци на ВМРО-ДПМНЕ во судството, а она што е најстрашно е што и ова раководство на ВМРО ДПМНЕ со ниту еден збор не покажа дека се дистанцира од ваквото однесување.

Ја завршиме работата како извршна и парламентрана власт, донесовме закони што бараат одговорност, рече Шекеринска, додавајќи дека законот предвидува и агенцијата за спречување на корупција да го провери имотот на судиите, да се види кој застарувал предмети и воведува мониторинг на предмети за виоска корупција.

Сега има разрешени судии, меѓу кои и претседател на суд, за кој се утврди дека чувал предмети во фиока, а него треба да го разреши судот а не извршната власт, нагласи Шекеринска.

Вие чекате СДСМ да истражи нешто, што треба судот да го направи, рече Шекеринска и го повика ВМРО-ДПМНЕ да ги предаде во ЈО сите докази, за кои тврди дека постојат, наместо да одговара со лаги и со молк на своите прашања.

Последни вести