fbpx

И во време на криза ја зголемуваме минималната плата и го штитиме стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

И во време на криза СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Веќе од април, 80.000 работници ќе добијат минимална плата од најмалку 18.000 денари или речиси 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега.

Покрај растот на минималната плата, посветени сме и на раст на сите плати во државата. 130.000 граѓани земаат повисоки плати за своите работни места, преку субвенционирање на придонесите, за што се обезбедени 48 милиони евра за оваа година.

Во исклучително економски тешка година предизвикана од европските кризи со енергетиката и растот на цените, остануваме посветени на финансиска поддршка на граѓаните.

Го штитиме стандардот на граѓаните од нови ценовни шокови.

Околу 7.500 семејства со ниски примања добиваат субвенции за сметките за електрична енергија помеѓу 600 и 800 денари месечно.

Цените на основните продукти, како лебот, брашното, маслото за готвење, млекото и месото остануваат замрзнати до крајот на месецов.

Почитувани,

Сето ова се конкретни мерки кои имаат за цел да го заштитат и унапредат животниот стандард на граѓаните во време кога се соочуваме со економска и енергетска криза.

Продолжуваме да работиме одговорно, посветено во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.

 

Последни вести