fbpx

И Чулев како извршителот Мицкоски, шири лажни вести и не работи во интерес на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност 
 
 
Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи по инструкциите на извршителот Христијан Мицкоски, шири лажни вести и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.
 
Додека Чулев глуми загриженост за набавката и квалитетот на чизмите за полицајците, вистината е дека чизмите за кои зборува тој, се набавени од страна на Ѓоко Поповски. Тоа е истиот Поповски близок соработник на Гордана Јанкуловска, човек осуден во судскиот предмет „Тенк“.
 
Освен што шири лажни вести и не презема ништо што е во интерес на полицајците и граѓаните, Чулев одбегнува јавно соочување со дополнителната заменик -министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, во страв дека неговите лаги и јавно ќе бидат разобличени.
 
Тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, неработење, бегање од јавно соочување и обиди за враќање на режимот.
 
Затоа на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе бидат поразени, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!
Последни вести