fbpx

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ за 11 години трошеше на лажен барок, СДСМ за 2.5 години инвестираше 800 милиони евра во патишта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски на денешната трибина Агенда Инфраструктура 20-24 истакна колку е важно да се води вистинска грижа за инфраструктурата како една од најважните гранки за државата.
 
– Инфраструктурата е тесно поврзана со економијата и развојот на државата. Анализите покажуваат, 1 милион евра во инфраструктура враќаат 3.5 милиони евра во економија, бизнис, повисок стандард. Инвестициите во инфаструктурата значат инвестиции во патишта, железници, водовод и канализации, значат решавање на најважните егзистенционални потреби на сите граѓани во сите делови на државата, истакна Бочварски.
 
Бочварски направи анализа меѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
 
– 11 години ВМРО-ДПМНЕ трошеше нерационално. Се истрошија 700 милиони евра во споменици, барокни фасади и некорисни проекти, а денеска за само 2.5 години СДСМ инвестираше 800 милиони евра за рехабилитација и изградба на нови патишта. 700 милиони евра да беа вложени во инфраструктура денеска нашата држава ќе имаше повратен бенефит од 2.5 милјарди евра во економојата, инвестиции, патишта, работни места, заклучи Бочварски.

Последни вести