fbpx

Мицкоски отворено ги оправдува сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски во скандалозна изјава ги оправда сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина.

Според Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале „статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи, Ковачевски, Пендаровски и „слава Украини“.

Оправдувањето на агресијата врз Украина е неодгорна, недржавничка и нехумана.

Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет, наместо да ја осуди агресијата врз Украина, Мицкоски повторно ги дели македонските граѓани.

Затоа ли Мицкоски не кажува ништо за ставовите на неговиот коалициски партнер, Димитар Апасиев и Левица, кои цврсто стојат зад агресијата врз Украина па дури го користат и речникот на Путин?

Последни вести