Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.
Постигнат е договор со Асоцијацијата на пензионерите за ново зголемување на пензиите и пакет финансиска помош за пензионерите.
Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.
Покрај новата методологијата за забрзан раст на пензиите, Владата обезбеди и пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.
Тоа значи дополнителни 1.000 денари за околу 330.000 пензионери.
Претходно се постигна договор и за ново зголемување на минималната плата која веќе за овој месец ќе изнесува 18.000 денари.
Тоа ќе поттикне раст на сите плати, повисоки плати значат и поголеми придонеси и повеќе пари во пензискиот фонд за редовна и навремена исплата на пензиите.
Како одговорна партија, и во време на глобални кризи, СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките што го унапредуваат животниот стандард и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.