Соопштение за јавност
Трибината „Агенда 20-24- образование“ организирана од СДСМ, ја модерираше професорката Татјана Стојаноска Иванова, доктор по социолошки науки и членка на ИО, која направи компарација на последните две години со претходната деценија владеење на ВМРО- ДПМНЕ.
„Образованието тогаш се користеше за експериментирање, се воведуваа проекти кои воопшто не се напредни, ниту квалитетни. Просветните работници беа заробени и не можеа ниту гласно да зборуваат, а не пак да учествуваат во некои процеси”, рече Стојановска Иванова.
Според неа денес состојбата е сосема поинаква, но смета дека и натаму се потребни реформи.
” Денес имаме далеку поинаква слика. Образованието се отвори кон родителите и пред се кон учениците и студентите. Свесни сме дека нам ни се неопходни целосни реформи, но веќе сме сигурни дека процесот е започнат“, изјави Стојаноска Иванова.