Соопштение за јавност
По изјавите на Христијан Мицкоски дека преговарал и договорил зделки на набавка на автобуси за Град Скопје постојат основани сомневања за нов голем скандал.
Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, треба да постапат по искажаните информации од страна на Мицкоски и да ја истражат вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на градоначалничката Данела Арсовска.
Претседател на партија нема право да преговара за јавни набавки во надлежност на единица на локална самоуправа.
За секоја јавна набавка постојат законски процедури кои подразбираат јавен повик, тендерска документација и избор на најповолен понудувач согласно критериумите.
Тврдењето на Мицкоски дека понудувач е најден и се подготвува тендерска документација укажува дека постои можност набавката да е договорена на незаконски начин.
Ова е ист случај како набавката на кинеските автобуси со кои буџетот бил оштетен за пет милиони евра. За овој скандал на ВМРО-ДПМНЕ се водат судски процеси.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со криминален начин на размислување.